ФОТО: Доаѓа Епл автомобил – најновото од компјутерскиот гигант

По многубројните шпекулации и неофицијални информации, проектот Епл автомобил, продукција на сопствен автомобил на светски популарната американска компјутерска компанија, почна да добива конкретност.

Според американскиот весник „Wall Street Journal“, раководството на компјутерскиот гигант донело конечна одлука првиот модел на Епл автомобил да биде пуштен во продажба во текот на 2019 година.

Проектот, чие кодно име е „Титан“, бил одобрен по едногодишна детална анализа за рентабилност. За својот Епл автомобил компанијата може да смета и на не мала државна помош, која дури не е ниту од инвестициска природа. Властите во сојузната американска држава Калифорнија, веќе донеле одлука за тестирање на прототиповите на најновиот продукт Епл автомобил, низ сите јавни патишта на нејзина територија.

Сепак, сеуште нема никакви информации во јавноста за техничките детали за „Титан“. Според непотврдени информации, првиот Епл автомобил ќе биде или хибрид, или 100-отстотен електромобил, но не и робот. Не се знае ниту дали компанијата ќе го произведува сама, или ќе соработува со подизведувачи.

epl avtomobil
Епл автомобил, најновото изненадување од компјутерскиот гигант

Од неодамна е обелоденето дека тимот, кој ќе работи на „Титан“, се шири и тоа со голема брзина, најверојатно за да се оставри одлуката продажбата на ЕПл автомобил да почне во 2019 година. Засега се знае само дека тој ќе брои околу 1.800 специјалисти во оваа дејност и тоа од најголем калибар. Епл веќе отворено и активно презема инжињери од „Фиат-Крајслер“, од „Фолксваген“, од „Форд“, од „Џенерал Моторс“, па дури и од „Тесла“.

Инаку, Епл е светски лидер на пазарот за мобилна телефонија и за компјутери.