ФОТО: Доби бакшиш 25.000 долари за да си ги поправи забите

Брајан Мајкснер кој работел како келнер во ресторан во Вичита, Канзас со години имал сериозни проблеми со забите, но благодарение на еден љубезен муштерија го решил својот горлив проблем.

Брајан уште во детството имал сериозни проблеми со забите.

Некои заби морал да ги извади, другите му биле инфицирани со кариес, а скромниот келнер немал пари за да ги поправи. Сето тоа се променило кога во ресторанот дошол еден човек од друг град, богатиот адвокат Фред Бетчер.

kelner1

На локалните репортери им изјавил дека за тоа што го направил бил мотивиран од своето лично искуство, бидејќи како дете и тој имал сличен проблем со забите.

kelner2

Кога ја видел штрбавата насмевка на Брајан одлучил да направи нешто посебно. Отишол кај управникот на ресторанот и му рекол дека сака да остави напојница од 25.000 долари и да се осигура дека Брајан ќе добие нови заби.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.