ФОТО: Добиле четворка, а веќе имаат пет деца

Мелиса и нејзиниот сопруг Мет кои веќе имале пет деца останале шокирани кога дознале дека Мелиса е бремена со четворка.

Лекарите останале вудоневидени, бидејќи како што велат многу е тешко да се зачне четворка по природен пат.

m1

„Мелиса е една во милион. Не можеме ни да го квантифицираме ова колку е ретко“, вели д-р Донели. Исклучително е тешко четворка да се зачне по природен пат, без вештачко оплодување или некој друг вид медицинска асистенција.

m2

Иако бебињата се родени пред терминот, тие немале никакви здравствени проблеми. Мелиса добила две ќерки и два сина. Бебињата и покрај добрата кондиција, со оглед на предвеременото породување ќе мора неколку недели да останат во болница.

Дома Мелиса ја чекаат деца од 11, девет, шест, пет години и 18 месеци.