ФОТО: Доделени наградите за најдобрите на Првиот климатски камп во Македонија

Од 17-ти до 19-ти април се оддржа Првиот климатски камп во Македонија, ,,Од Тебе Зависи”, кој имаше за цел да ги поттикне граѓаните да ги промовираат своите идеи за тоа како може да се намалат штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини.

Најдобрите два тима кои ги промовираа своите идејни решенија за темата добија по 10.000 долари за да ја претворат нивната идеја во реалност во следниот период.

k_kampppp (2)

– Среќна сум што овој климатски предизвик разбуди голем интерес кај граѓаните, добивме над 130 одлични апликации, што докажува дека сите ние како поединци можеме да дадеме голем придонес во борбата против климатските промени, изјави Луиза Винтон, постојан координатор на Обединетите нации и Постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Победниците, односно двата тима кои добија по 10.000 долари за да ја реализираат беа избрани од страна на стручно национално и меѓународно жири од вкупно 10-те финалисти кои беа дел од Првиот Климатски Камп во Македонија.  (www.odtebezavisi.mk)

k_kampppp (3)

Покрајпотрагата за иновативни решенија од страна на граѓаните (поединци или тимови), овој камп имаше за цел и да ја зголеми свесноста за климатските промени – реалност за која е потребна неопходна акција.

Тим 1 ќе работи на патики и велосипед кои генерираат електрична енергија за полнење батерии. Дел од тимот беа Александар Лазовски, Мартина Димоска, Лорета Тодоровска и Николчо Гошев.

Тим 8, пак ќе работат на вирални видеа и хумористични скечеви. Дел од тимот беа Жарко Димитриоски, Владо Оцевски, Ѓорѓи Џамбазов, кои работеа под менторство на Бранко Огњановски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.