ФОТО: Договорот што беше потпишан во Минск

Телевизијата „Раша тудеј“ на Твитер објави фотографија од документ за кој наведува дека е нацрт за примените на Договорот од Минск.

Првите три точки се: 1. Примирје, 2. Отстранување на тешкото вооружување, 3.Надгледување од страна на ОБСЕ со помош на сателити и дронови.

dogovorrrr

Според усвоениот документ, сите страни од вооружените групи, воената опрема и платените војници треба да ја напуштат Украина под контрола на ОБСЕ.

Претседателот на русија, Владимир Путин изјавил дека со украинскиот претседател Петро Порошенко не постигнале согласност во врска со оцената на ситуацијата на клучните подрачја, пренесува АП.

Путин рече дека проруските сили сметаат дека се опколени од украинските сили и дека очекуваат од нив да се предадат, а Украина не се согласува со тоа.

Путин додаде дека тој и Порошенко се согласиле дека треба да се разјасни ситуацијата. Покрај тоа, договорот од Минск ги повикува сите илегални групи во Украина да го положат оружјето.

До крајот на 2015 година треба да се доврши уставната реформа во Украина, а треба да се разгледа и децентрализацијата, се наведува во документот.

Во текстот се бара и усовјување на законот за специјален статус на југоисточните региони Доњец и Луганск. Украинскиот парламент мора да освои предлог закон за специјалниот статус на Донбас во рок од 30 дена, се наведува во документот.

Исто така, се предвидува дека и работата на банкарскиот систем во овој регион треба да биде обновен.

Една од ставките на документот е дека во рок од пет дена треба да следи размена на заробениците по принципот „сите за сите“.

Путин изјавил дека тешкото вооружување на украинската војска ќе биде повлечено од денешната линија на контактот, а вооружувањето на војската од донбас во однос на линијата што е прецизирана во договорите од Минск од 19-ти минатата година.

фото: Russia today

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.