ФОТО: Дојдоа од Австралија да се венчаат во Охрид

Меган и Исак од Австралија решиле својата љубов да ја крунисаат во Охрид. Венчавката се одржала во црквата Св. Јован Канео, а од Сиднеј допатувале стотина гости.

По свечениот чин гостите заминале  на крстарење по охридското крајбрежје и пристигнале директно на местото на веселбата.

s1

Ресторанот и плажата биле декорирани со цвеќе и свеќи. Невестата и младоженецот го одиграле првиот заеднички танц, а потоа следеле говори. Веселбата започнала со традиционалните македонски ора, а потоа гостите танцувале на внимателно одбрана актуелна диско музика и прекрасно се забавувале.

s2

Забавата се одвивала на специјален подиум под ведро небо, со поглед на осветлениот град и езерската вода.

На забавата имало и спектакуларен огномет во знак на благодарност за гостите кои допатувале од далечната Австралија, за да бидат дел од овој посебен ден.

s3

Веднаш после огнометот, следел настап на трубачи, кои ја надополниле веќе прекрасната атмосфера.

s4

Исак е роден во Австралија и неговите родители се Македонци, додека Меган има хрватско-германско-литванско потекло. Тие случајно се запознале во ресторан во Сиднеј. Одлуката да се венчаат во Македонија била заедничка, но сепак по првична иницијатива на  Меган. Тие им порачуваат на младите во светот во иднина да ја одберат оваа прекрасна дестинација.