ФОТО: Доктори и Тамара и вечерва во Кратово на Златните денови

На првата вечер од Кратовските Златни денови настапија Тајфата, Љубојна и ѕвездите од Х Фактор – Тамара, Маид, Доктори и Даниел. По нивните настапи, забавата се префрли на базенот.

На барање на публиката, Тамара и Доктори остануваат во Кратово и на втората Златна вечер, а пред нивниот вечерашен настап ќе се одржи Европскиот фестивал во тамбура. По тамбурашкиот фестивал, свој концерт ќе имаат Оџила од Србија, додека пак ДЈ Шорти е задолжен за „after party“ на базенот, каде повторно ќе се забавуваат ѕвездите од Х Фактор.

Задоволни детски насмевки, преполн плоштад и улички низ чаршијата,  беше вчерашната слика на Кратово.

Златната еуфорија продолжува и денеска, веќе од 14:00 часот на малата сцена кај Музејот на Кратово, каде што локални бендови и дј-и ќе ги забавуваат бројните посетители на Кратово.

Програмата на главната сцена започнува од 19:00 часот со настапот на Раим Баки, а продолжува со фестивалот на тамбура.

Златните денови 2014-та завршуваат со дружбата за најмладите со Златните Славејчиња на сцената пред Музејот, која ќе се случува утре од 12:00 часот.

Кратовчани задоволни од првата фестивалска вечер, ги покануваат сите љубители на добрата забава и вечерва да бидат дел од позитивната златна треска.

k2

k3

k4