(ФОТО) Драма поради водич, српски туристи заглавени во кањон

По повеќечасовна исцрпувачка акција во црногорскиот кањон Невидио, извлечени се 17 српски туристи и нивниот водич Тихомир Војновиќ (63).

Токму Војновиќ  е главниот виновник за ужасот кој младите белграѓани го доживеале во бисерот на црногорската природа, како и за ризикување на животот на осум припадници на Горската служба за спасување кои учевствувале во акцијата.

513832_spasavanje-tihomir-vojnovic-foto-bato-perovic_ig

Групата од 17 туристи со водичот Војновиќ, планинар од Белград во саботата во 8.30 часот влегле во кањонот и покрај предупредувањето од црногорските колеги.

„Кога го видов нивото на водата, својата група ја вратив во Никшиќ. Беше предупреден да не влегува со толкава група, но не послуша,“ објасни Будимир Буцковиќ еден од припадниците на службите за спасување.

turisti 1

Влезот во кањонот беше почеток на дванаесетчасовен ужас за лошо опремените, измрзнати и испаничени туристи.

„Почна да се стемнува па одбивме да продолжиме понатаму. Беше мрачно и само слушавме звук на надојдената река. За среќа најдовме телефонски сигнал и се јавивме на еден од татковците, кој потоа повика полиција,“ објаснува туристика од Белград.

turist 2

Околу 10 часот се појавиле припадниците на Горската служба за спасување и на карпа висока 60 метро со јажиња биле извлечени 18 туристи, припадници на службата и во 3.45 часот по полноќ извлечен е и последниот човек водичот Тихомир Војновиќ.