ФОТО: Дража ја подели Србија

Пред Вишиот суд во Белград за време на процесот на рехабилитација Драгољуб Михајловиќ беше доста напнато затоа што на едно место беа собрани почитувачите и на четниците и на партизаните.

Како што пишува српски „Курир“ и едните и другите еуфорично реагирале на случувањата во судот, но се се завршило само со вербални провокации затоа што полициските сили спречиле физичка пресметка.

Сепак еден човек успеја да привлече најмногу внимание затоа што се појави пред собраните и почна да вика на сите нив:

Palata pravde, Draža Mihajlović, rehabilitacija, foto marina lopicic

– Што е, дојдовте да се тепате?! Како не ви е срам?! Сите ние треба да бидеме единствени за Србија, а не да правиме поделби, викал мажот кого полицијата го оддалечи од Палатата на правдата.

На изрекувањето на пресудата во Вишиот суд присуствуваа Војислав Шешељ, Александар Караџорџевиќ, Оливер Антиќ и „Жените во црно“.