(ФОТО) Древна гробница откриена близу пирамидите во Гиза

Египетските археолози откриле гробница стара повеќе од 4000 години покрај познатите пирамиди во Гиза јужно од главниот град Каиро, соопштија властите за старини во саботата.

Гробницата ѝ припаѓа на свештеничка од петтата династија на фараони, изјавил за медиумите египетскиот министер за старини Калед ал-Енани.

Гробницата се сместена западно од Кеопсовата пирамида изградена е од цигли направени од кал, а содржи ретки написи, соопшти челникот на државниот Врховен совет за старини, Мустафа ал-Вазири.

Изминатите месеци, Египет објави низа археолошки откритија, вклучително и неколку гробници во Лусор, град на југот од земјата. Во март минатата година во Каиро беше пронајдена гигантска скулптура, за којашто се претпоставува дека припаѓа на 26-та династија на кралот Псамтик.

Крај пирамидите се гради голем музеј кој делумно треба да биде отворен оваа година. Египет настојува да го заживее туризмот, главниот извор на државни приходи, во кој голем удел имаат токму археолошките наоѓалишта. Оваа индустрија во Египет тешко е погодена по револуцијата во 2011 година и безредијата коишто уследија, како и исламистичкиот бунт.