Магазин

ФОТО: Дрво кое произведува струја

ФОТО: Дрво кое произведува струја

Француски научници дизајнираа вештачко дрво кое генерира електрична енергија, користејќи ја силата на ветерот, пишува Дејли  меил.

drvo_2

– До оваа идеја дојдов кога видов дека лисјата треперат иако надвор нема ветер, вели Џером Мишо Ларвиер, основачот на францускиот тим.

drvo_4

Вештачкото дрво ќе се најде на пазарот следната година. Ларвиер вели дека тајната на ова дрво е во неговите „лисја“. Внатре во нив се сместени мали сечила кои се движат под влијание на ветерот, без разлика на неговата насока, а голема предност е и тоа што се целосно безвучни.

По тригодишно истражување, тимот инженери направил прототип со висина од околу 8 метри што во моментов е поставен во Бретања во Франција. Ларвиер се надева дека овој пронајдок ќе се користи во урбаните центри, како и во домовите на граѓаните.

Дрвото ќе се продава по цена од 23 500 англиски фунти, а наводно може да генерира струја два пати повеќе од обичните турбини на ветер,бидејќи генерира струја и на ветер кој се движи со брзина од 7 километри на час.