ФОТО: Два луксузни автомобили се судрија во Кисела Вода

Два луксузни автомобили се судрија на  булеварот „Борис Трајковски“ во скопската населба Кисела Вода.

До несреќата дошло кога автомобил од марка „бмв“ со бугарски таблички, управувано од скопјанецот З.П. се судрило со возило од марката „пасат“, со скопски таблички, управувано од Д.Ѓ., исто така од Скопје.

Двајцата возачи се здобиле со телесни повреди, по што биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

ФОТО: Пресс24