ФОТО: Двајца руски новинари загинаа во Луганск

Двајца новинари на руската државна телвизија се убиени кај Луганск на истокот на Украина.

Новинарот Игор Корнељук кој е тешко ранет кај Луганск им подлегнал на повредите во болница, наведуваат руските агенции.

На местото настрадал и тонскиот техничар Антон Волошин, кој бил во екипа со Корнељук.

Третиот член на екипата, камерманот Виктор Денисов го преживал гранатирањето.

ukraine7

Претседателот на Русија, Дмитриј Медведев на Фејсбук напишал дека „оние кои себеси се нарекуваат украински власти се виновни за смртта на руските новинари“.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија е соопштено дека е неопходна „независна истрага по повод смртта на руските новинари“.

-Очекуваме од светските медиуми одлучно и објективно да ги осудат секојдневните злосторства на украинската војска. Смртта на новинарите уште еднаш убедливо ја покажува криминалната структура на силите кои ја покренаа казнена операција на истокот од Украина, се наведува во соопштението.