ФОТО: Двајца тешко повредени во сообраќајка пред Велес

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која претпладнево се случила на влезот од Велес.

До несреќата дошло при судир на автомобил и мала цистерна која превезувала млеко, во која повредени се возачот и сопатничката од автомобилот.

Повредените се пренесени во велешката болница, а полицијата врши увид и работи на утврдување на причините за сообраќајката.