ФОТО: Две девојки и момче загинаа во страшна сообраќајка

Две девојки и едно момче, сите на возраст од 20 години загинаа во страшната сообраќајна несреќа која рано утрово се случила во центарот на нови Сад, Србија.

Како што јавуваат српските медиуми, до несреќата дошло кога во нивниот автомобил марка „Голф“ удрило „Ауди“ кое се движело со неверојатни 160 километри на час.

Возачот на Голфот и неговите две сопатнички починале на лице место, додека возачот на Аудите кое удрило во нив, поминал со повреди.

Според неофицијалните информации, тој имал над 1,1 промили алкохол во крвта. Од силината на ударот „Голфот“ откорнал столб од семафор, а по ударот, еднате девојка испаднала од атомобилот, а другата завршила во гепек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.