ФОТО: Две млади лица загинаа во страшна сообраќајна несреќа

Две млади лица го загубија животот во страшна сообраќајна несреќа која се случи утрово околу 6 часот на магистралниот пат Ужице-Златибор во Србија.

soob_srbija_2

Како што пишува српски „Курир“, несреќата се случила откако патнички авотомобил кој се движел во правец од Златибор директно се судрил со шлепер со ужички регистерески таблички.

Како што се гледа и на фотографиите, шлеперот буквално го смачкал патничкиот автомобил, а разни делови од автомобилот можеле да се најдат дури и на 50 метри оддалеченост од местото на несреќата.

soob_srbija_3

Засега идентитетот на двете млади луца кои што го загубија животот останува непознат. Во тек е истрагата која треба да покаже како се случила несреќата.

ФОТО: kurir.rs