сабота, 14 јануари 2017  |  Вести денес: 0

ФОТО: Две нови спортски катчиња во општина Ѓорче Петров

vezbalni-640x360

Последни вести

Жителите на општина Ѓорче Петров добија уште две нови спортски катчиња, со што финишираше проектот за поставување на пет мултифункционални вежбални.

Првата ваква вежбална пред три месеци се постави како дел од мултинаменското игралиште на улицата Христо Батанџиев, а потоа вежбални од овој тип се поставија во населбата Хром кај популарната „полјана“ и во Дексион на локалитетот Јурија.

vezbalni1

Изминатите денови, како што информираат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се поставија вежбални во урбаната заедница Мирче Ацев, поточно во училиштето „Мирче Ацев“ и во склоп на повеќенаменското игралиште во населбата Даме Груев со што се финализираше овој проект.

vezbalni2

Од советничката група истакнаа и дека во општината Ѓорче Петров постојано се инвестира во објекти од овој тип, се со цел да се доближи спортскиот живот до секој жител на општината.

vezbalni3

Покрај овие мултифункционални вежбални во општина Ѓорче Петров до сега се изградени и уште три повеќенаменски игралишта за фудбал, кошарка и ракомет, а во завршна фаза е уште едно.

vezbalni4

Овие мултифункционални вежбални се реализираат по барање на младите од Ѓорче Петров.

Најчитани вести