ФОТО: Џесика Алба најдобро облечена на Оскарите

Џесика Алба беше најдобро облечена на Оскарите, според многумина.

Холивудската актерка се појави во своето досега можеби најубаво издание на црвениот килим. Во бел фустан од Роберто Кавали со длабоко деколте и прекриен шлиц, Алба измами воздишки си нејзината раскошна убавина.

Во стил на римска или грчка божица, Алба го финишира фистанот со дебел црн колан со златна овална тока и фантастичен ѓердан од златни нанижани синџири на Дејвид Веб.