ФОТО: Џесика Алба во жежок летен едиторијал

Џесика Алба е моќна, секси и успешна, тоа досега го сфативме. Таа е мајка, актерка и успешна бизнсименка која стои зад компанијата Honest Company која е проценета на повеќе од милијарда долари.

jess_2

Кога прави пауза, Џесика успева да сними и по некој едиторијал за да не потсети зошто многумина ја сметаат за најубавата жена во шоу бизнисот.

jess_3

Таа се појавува во жежок едиторијал за магазинот „Шејп“. Во интервју за истиот магазин 34- годишната актерка открива дека не е голем обожавател на вежбањето.

jess_4

– Нема да лажам. Вежбањето е без врска. Замара. Но, без него не е можно да го обликувате и да го затегнете телото. Затоа се трудам да вежбам барем по половина час дневно, вели таа.

jess_5

Таа исто така открива дека многу повеќе сака да вежба во група, кога е окружена со луѓе кои ја држат мотивирана.