Свет

Фото: Џихадистите уживаа во луксуз

Фото: Џихадистите уживаа во луксуз

Градот Рака стана престолнина на исламските фанатици откако ја формираа самопрогласената Исламска држава, но како што пренсува Дејли Меил јазот меѓу сиромашните жители на градот и богатите џихадисти е се поголем.

Додека сиромашните граѓани гладуваат, исламистите јадат во хотели со 5 ѕвезди, а за тоа сведочат и фотографиите на кои се гледа како џихадистите пливаат во базен на покривот од луксузен хотел.

Жителите на Рака преживуваат благодарение на побогатите сограѓани кои отвориле народни кујни. Болниците се затворени, а лекарите си заминале, па болните одат на лекување во Турција, а многумина од нив умираат по пат.

luksuz-dzihadisti500

– Откако стигнаа џихадисите, станаа елитна заедница. Добија убави куќи, луксизни возила и голема месечна плата. Многумина се ранети во борбите, додека по нив доаѓаат камиони кои ги носат на лекување, цивилите остануваат да лежат ранети, изјавил еден маж на Си Би Ес, кој се претставил како Абу Ибрахим ал Ркави.

Со цел да привлечат доброволци од Запад, џихадистите е сами ги објавуваат фотографиите на кој е прикажан луксузот на социјалните мрежи.