ФОТО: Џип прeгази жена на пешачки премин

Неидентификувана жена на околу 45-годишна возраст трагично го загуби животот рано утрово околу 5 часот на новиот новосадски пат, кога на неа налетал џип додека поминувала на пешачки премин.

Возачот на џипот од засега непознати причини излетал од патот, удрил во бандера која ја скршил, по што ја удрил и жената која поминувала на пешачкиот премин. Жената починала на лице место, а возачот на џипот поминал со полесни повреди на главата.

Тој во придружба на полиција е префрлен на Ургентен центар во Нови Сад, каде му била укажана лекарска помош, а ќе му биде направен и алкотест, бидејќи полицијата се сомнева дека возел со преголема брзина под дејство на алкохол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.