ФОТО: Џон Траволта ги шокираше сите со својот изглед

Во САД почна емитувањето на серијата „Народот против О. Џеј. Симпсон: Американска криминалистичка приказна“, која се базира на вистински настан, но во фокусот на гледачите не западна темата, туку изгледот на Џон Траволта.

Траволта, кој во серијата го игра адвокатот Роберт Шапиро, го привлече вниманието поради чудниот изглед на неговото лице.

Џон Траволта 2

„Траволта изгледа како восочна фигура која некој ја оставил близу до радијатор“, „Што се случило со Џон Траволта?“, „Дали е од пластика?“, „Лицето на Траволта како да се топи“, се само некои од коментарите на изненадените гледачи објавени на Твитер.