понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 40

ФОТО: Еден детал ги издаде терористите

Еден детал ги издаде терористите, браќата Калид и Ибрахим ел Бакрауи што се осомничени дека извршиле самоубиствени напади на аеродромот во Брисел.

teroristi-brisel

Поврзани вести

Еден детал ги издаде терористите, браќата Калид и Ибрахим ел Бакрауи што се осомничени дека извршиле самоубиствени напади на аеродромот во Брисел.

Тие беа снимени од сигурносните камери на аеродромот во Брисел, а на фотографијата се гледа дека двајцата мажи облечени во црно на левите дланки носат црни ракавици.

Според белгиските медиуми, терористите на тој начин ги скриле детонаторите со кои што ги активирале експлозивните направи.

Безбедносните експерти сметаат дека доколку таквата теорија се испостави како точно, лесно би можело да се утврди каков вид на експлозив бил користен.

Третиот маж што се наоѓа на фотографијата, не е облечен во црно, нема ниту ракавица на раката, што ја потврдува, барем во назнаките, проценката на белгиската полиција дека тој е третиот учесник во бомбашкиот напад и дека на аеродромскиот терминал ја оставил бомбата во патна торба, а потоа го напуштил аеродромот.

Исто така, постојат сомнежи дека терористите на количките за багаж ги носеле експлозивните направи, а тоа треба да биде утврдено со понатамошната истрага, како и тоа кому му припаѓа појасот со експлозив и автоматската пушка што биле најдени на аеродромот.

Во нападите на аеродромот и метрото во престолнината на ЕУ настрадаа вкупно 31 лице, а над 250 се повредени.

Најчитани вести