ФОТО: Еден од загинатите полицајци, поранешен фудбалер на Вардар, Работнички, Милано

Денес и утре во Македонија е ден на жалост, откако во последните два дена во Куманово се води престрелка помеѓу полицијата и вооружена терористичка група, во која животот веќе го загубија осум припадници на македонската полиција, еден од нив и поранешен професионален фудбалер кој настапуваше во македонската фудбалска лига.

Жарко Кузмановси од Бревеница, Сашо Самојловски од Тетово, Исамедин Османи од Студеничани, по еден полицаец од Штип и Гостивар, чиј идендитет се уште не се соопштува, како и Ненад Серафимовски од гостиварското село Зубовце, поранешен фудбалер на повеќе македонски клубови, се загинатите припадници на македонската полиција.

vardar1

Ненад Серафимовски е роден 1987-ма година во Гостивар, во својата фудбалска кариера настапуваше за тимовите на Вардар, Работнички, Турново, ФК Скопје и Милано Куманово, каде нанижа повеќе од 60 официјални натпревари, на кои постигна 3 голови (два во дресот на Вардар), објави Спортклуб.