Крими хроника

ФОТО: Еден загинат во страшна сообраќајна несреќа кај Зајас

ФОТО: Еден загинат во страшна сообраќајна несреќа кај Зајас
фото: кичево.мк

Четириесет и шестгодишен гостиварец загина доцна синоќа во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево – Гостивар во близина на селото Зајас, информира денеска полиција.

Несреќата, според полициските информации, се случила околу 19,30 часот кога дошло до судри меѓу два автомобили и трактор.

Прво автомобил „мерцедес“  со скопски таблички, што го возел 67-годишниот скопјанец Ж.Ш. удрил во трактор управуван од А.А. (53). По ударот со тракторот „Мерцедес“-от удрил во комбе „форд“ што го возел Никола С., кој поради тешки повреди починал на самото место на несреќата.

Во несреќата се повредени уште три лица.