ФОТО: Една фотографија и го промени животот

Фотографот Рехан, кој се прослави со фотографијата на старицата од Виетнам која со рацете го прекрива своето лице донесе големи промени во нејзиниот живот.

Се започнало во 2011. година во Виетнам. Рехан, кој бил во посета на земјата ја запознал Буи Ти Ксинг, Виетнамка која тогаш имала 74 години.

Кога ја фотографирал, ниту тој ниту таа имале на ум дека старицата наскоро ќе стане позната ширум светот.

Таа биле срамежлива и сиромашна жена, која не била навикната да се фотографира, па инстиктивно го прекрила лицето со своите раце.

vietnam1

Рехан овој нејзин портрет го искористил како насловна страница за корицата на својата книга, затоа што таа за него била сибол за радувањето на животот без оглед на староста и сиромаштијата.

Рехан и ветил на Буи дека ќе и купи нов брод ако неговата книга биде успешна, бидејќи бродот до кој управувала кога тој ја запознал бил стар, па туристите се плашеле.

По шест месеци писателот си го исполнил ветувањето. Фотографијата станала толку позната, што пет пати се појавила на телевизија и станала позната во цел Виетнам, а со новиот брод старицата има многу повеќе работа отколку било кога порано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.