ФОТО: Експлозија на автомобил-бомба во Киев, почина познат новинар

Познатиот руски новинар Павел Шеремет загина во експлозија на автомобил во Киев. Како што јавува Раша Тудеј автомобилот експлодирал само неколку минути откако бил стартуван.

Автомобилот бил во сопственост на основачката на весникот Украинска Правда Алјона Притула, каде работел новинарот.

Експлозијата се случила во 7.45 часот по локално време, откако Шермет влегол во автомобилот, го запалил и возел неколку десетици метри. Тој загинал на местото на настанот, а возилото е во целост изгорено.

Шермет е познат руски новинар и политички аналитичар што работел на односите меѓу Русија и Украина, како и за настаните во поранешна СССР. Во последните пет години тој живеел и работел во Украина.

Весникот Украинска Правда е основан во 2000-тата година од Притула и Георгиј Гондазе, украински новинар со грузијско потекло кој беше убиен на 17-ти септември 2000-тата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.