ФОТО: Ева Лонгорија го кажа судбоносното „Да“ во венчаница од Викторија Бекам

Ева Лонгорија во саботата застана на лудиот камен по трет пат и се омажи за нејзиниот партнер Хосе Антонио Бастон. Романтичната венчавка се одржа во Мексико.

Ева Лонгорија и Викторија Бекам на венчавката
Ева Лонгорија и Викторија Бекам на венчавката

Познатата актерка и продуцентот Хозе, кој инаку е сопственик на ТВ куќата Групо Телевиса, се венчаа пред повеќе од 200 поканети во приватната резиденција во малиот град во Мексико Вале де Браво.

Ева Лонгорија и Хозе Антонио Бастон
Ева Лонгорија и Хозе Антонио Бастон

Меѓу поканетите беа и Марио Лопез, Мелани Грифит и брачната двојка Бекам. Елегантната венчаница беше во креација на Викторија Бекам.