ФОТО: Еве до каде стигнаа снежните облаци на патот кон Македонија

Белград за само десетина минути бел целиот покриен со снег по снежната бура која ја зафати Србија.

Снегот што од вчера паѓа во Хрватска, Словенија и БиХ предизвика многу проблеми на жителите на одделни области на овие земји. Прогнозирани се уште снежни врнежи.

Бура и снег предизвикуваат проблеми на патиштата во Словенија, а надлежните советуваат користење на јавниот превоз.

Поради временските неприлики затворени се одделни гранични премини за товарни возила.

Невремето кое го зафати овој дел од Европа, според сателитските снимки, со снежни облаци ќе ја покрие и нашата земја.