ФОТО: Еве Героски кого бранеше и за што лажеше

Соросовите медиуми предводени од главниот стратег на СДСМ Бранко Героски за време на случувањата во Куманово вчера, но и денеска, ширеа пропаганда со дезиниформации, лаги и невистинити информации, со цел нарушување на имиџот на полицијата, нејзино деморализирање креирање на тензии меѓу граѓаните.

Во ваквите манипулации и дезинформации на соросовите портали како по обичај предничеше Плусинфо на Героски, кој со дезинформациите започна објавувајќи фотографии во кои заокружува девојчиња кои наводно биле уапсени, со цел да се зголеми тензијата кај албанското население, иако од сликите се гледа дека девојчињата кои се заокружени не се уапсени, пишува Курир.

Дополнително, речиси сите соросови портали пренесоа дека едно девојче и нејзините родители загинале во престрелките во Куманово, обидувајќи се дополнително да долеат масло на огнот. Ваквата информација објавена од Плусинфо, А1 он, Бриф, 24 Вести и низа други опозициски медиуми се покажа како целосна лага и дезинформација.

По завршувањето на полициската акција и обелоденувањето дека засега цивилни жртви од немирите во Куманово нема, излегоа на виделина сите лаги и дезинформациите на соросовите медиуми. Дополнително, речиси сите соросови портали вклучувајќи го и оној на Героски продолжија со манипулации откако телевизија Телма првично објави дека терористите биле апсени во цивилна облека и патики и ниту еден од нив немал униформа, креирајќи хајка против македонските полициски сили бидејќи уапсените не носеле униформи.

Тврдењата на Героски денеска целосно беа побиени од МВР, со објавувањето на видеоснимките од приведените терористи, за кои Героски најверојатно се увери дека не се цивили, како што првично тврдеше. Јасно се виде кого Героски бранеше и за што лажеше. Дополнително, неговиот портал денеска продолжи со манипулации преку објавувањето на информацијата дека се пукало во Арачиново и во Грушино, тврдење кое се покажа како целосна лага.

komandant-3.jpg-500

komandant-4.jpg-500

komandant-7.jpg-500