ФОТО: Еве како да ја стилизирате вашата боб фризура

Ако имате полудолга коса, ова е фризура и за вас, единствено што ви треба е да бидете малку креативни во правењето на плетенката и совладувањето на долгите прамени. Поголемиот дел од дамите што имаат боб фризура практикуваат да ја носат пуштена и исфенирана, но еве една идеја како да ја стилизирате вашата коса.

Вашата коса немора да биде свиленкаста и во совршена состојба за фризура, а дури ќе ви помогне и ако употребите малку гел или крем за коса.

Првиот чекор е правење плетенка околу врвот на главата во полукруг. Тргнете од една страна и можеби е најдобро од онаа страна каде што имате помалку коса, односно поблиску до патецот. А ваше е да одлучите кој тип на плетенка ќе го правите.

bobbbbbЈа плетете плетенката кон другиот дел од главата.

Кога ќе ја сплетете плетенката до крај заврзете ја. Потоа вовлечете ја во делот од косата од каде што сте почнале да плетете.

bob_2Со прстите малку развлечете ја плетенката за да ја зголемите и да и дадете волумен.

За следниот чекор ви е потребна крема за коса или гел за долниот дел од косата, која останала под плетенката. Ставете на прстите и втријте го во косата.bob_3Направете го тоа добро, за да ја зацврстите косата и прамените подобро да се спојуваат, да се виткаат и да стојат онака како што сте ги наместиле.

Одвоете ги и свиткајте ги преостанатите прамени, а потоа прицврстете ги со шноли за коса. Слабите и стари шноли нема да бидат идеални за оваа фризура.

bob_4

Кога ќе завршите со прицврстување на преостанатите прамени, додадете уште неколку шноли за порадикален изглед. Ако имате руса коса ставете црни шноли и обратно ако имате потемна коса искористете бели шноли.

bob_5