ФОТО: Еве како се слави во соблекувалната по победата на Австрија

Македонските ракометари вечерва успеаа да ја совладаат селекцијата на Австрија и со тоа обезбедија пласман во втората фаза од Европското првенство во Данска. Во соблекувалната по натпреварот, нормално, славеничка атмосфера. Голманот Борко Ристовски има најголема причина за славје бидејќи со своите 20 одбрани е најзаслужен за тоа што репрезентацијата останува да се натпреварува во Данска наместо да се пакува.

rakomet slavje pobeda

 

Фотографијата на социјалната мрежа Фејсбук ја сподели Филип Миркуловски.