ФОТО: Еве што може да ви се случи ако кивнете додека ги виткате трепките

На социјалната мрежа Редит се објавени фотографии од една корисничка и она што и се случило кога кивнала додека ги виткала трепките.

Долгите, густи и нагласени трепки се вистински хит, а жените што сакаат да ги истакнат на старомоден начин користат алатка за виткање.

Дека и оваа алатка може да биде опасна, потврди една корисничка на социјалната мрежа Редит што се крие зад псевдонимот Aub3912.

oko-trepki

Така додека ги виткала трепките кивнала и останала без трепките на целиот среден дел на окото.

Сега ќе поминат цели два месеци додека да и израснат нови трепки, а дотогаш и се заканува и бактериска инфекција на окото.