петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 65

ФОТО: Еволуцијата на сексапилот во последните 100 години

koko-shanel

Поврзани вести

Идеалот за сексапилот драстично се менувал во текот на последниот век. Повремено беа фаворизирани „преслабите“ девојки, а повремено жените со бујни облини. Понекогаш хит биле девојките со бледа кожа како порцелан, а понекогаш исончаните Амазонки…

Сексапилот некогаш можел да ви наштети и на дишењето, со оглед дека на почетокот на 20-иот век крутиот корсет сеуште бил задолжително парче облека. Корсетот во овој период требало да биде силно стегнат, па за неговото облекување била потребна помош.

Корсетот давал илузија на тело во облик на песочен часовник, што тогаш било мошне сексапилно, иако самиот збор во тој период бил вистинска табу тема.

Најпопуларен беше изгледот на „Гибсон девојка“, односно оној од илустрациите на Чарлс Гибсон.

Нештата почнале да се менуваат уште од 1910 – тата година па шминката почнала да добива многу поголемо значење. Макс Фактор ја отворил првата продавница, а некои од најголемите актерки ги користеле нивните пудри. Еужен Римел ја измислил маскарата, а Мејбелин почнал да продава сличен производ за веги во 1917-тата.

Актерката Луис Фазенда

Актерката Луис Фазенда

Сепак, голем број жени и натаму ја отфрлале шминката како премногу „слободно“ истакнување на убавината. Веќе во 20-тите години шминката станала не само прифатлива, туку и пожелна, а посебно се ценел порцеланскиот тен.

Девојките повеќе не тежнееле за обликот на телото што потсетува на песочен часовник, туку помалку на „момчешка“ фигура, а мнозинството девојки дури и ги врзувале градите за да изгледаат послабо.

Во 30-тите во мода се вратиле малку пополните фигури, но не во стариот облик, иако жените и понатаму биле наклонети кон „мажествениот“ изглед. Следејќи ги трендовите на актерката Џоан Кроуфорд, дамите купувале фустани и кошули со пришиени нараменици и носеле црвен кармин.

Акетрката Кетрин Хепберн

Акетрката Кетрин Хепберн

Трендот со нарамениците продолжува и во 30-тите, а го сакала и Кетрин Хепберн.

По завршувањето на Втората светска војна, модата повторно се свртела кон женственоста. Се носеле високи појаси и идеал на фигурата бил оној на Пин Ап девојка.

Кон крајот на 40-тите Фредерик Мелинџер го осмислил градникот со сунѓерести корпи, а кратко потоа и познатиот пуш-ап градник. Градите наеднаш добиле позаоблен природен изглед, а жените без разлика на вродените „атрибути“ можеле да додадат малку зачин во својот секојдневен изглед.

Мерлин Монро

Мерлин Монро

Таа иновација ја вратила фигурата на песочен часовник на голема врата, а познати дами од тој период се Мерлин Монро и Грејс Кели.

Грејс Кели

Грејс Кели

Во 60-тите конечно нозете дошле во прв план, а бикини костимите за капење стекнале огромна популарност. Голем број жени конечно се одлучиле да покажат повеќе кожа.

Манекенката Твиги тогаш инспирирала голем број дами да ослабат, а посебно се ценел вретенастиот, речиси момчешки изглед.

Твиги

Твиги

Во 70-тите тоа не било доволно. Актерката Фара Фосет постави високи ставдарди со нејзиното здраво и силно тело, што било икона на сексуалната револуција.

Фара Фосет

Фара Фосет

Жените од тоа време се облекувале во согласност со трендовите што ги лансираше Дијана вон Фурстенберг, дизјанерката на познатиот фустан на преклоп. Иако овој тренд продолжил и во 80-тите, модата добила и спортска димензија затоа што часовите по аеробик биле мошне популарни.

Кејт Мос

Кејт Мос

Во 90-тите идеалот за сексапил се поделил во два правци. На една страна биле слабите манекенки како Кејт Мос, а на другата убавиците со бујно деколте како Памела Андерсон.

Памела Андерсон

Памела Андерсон

Од 2000-тата па наваму, ѕвездите како што се Бритни Спирс и Кристина Агилера го наметнале трендот на рамен стомак и плитко кроени фармерки. Се повеќе млади дами ставија пирсинг на папокот, а исончаниот тен беше задолжителен.

Ангелите на Викторија Сикрет

Ангелите на Викторија Сикрет

Исто така, во 2001-вата за прв пат на телевизија беше емитувана ревијата на Викторија сикрет со преубавите модели, што на жените им поставија превисоки стандарди.

Бионсе

Бионсе

Иако виткото тело беше модерно до 2010-тата од таа година повторно се вратија облините, а денес ги промовираат Бионсе, Ким Кардашиан и Кејт Аптон.

Најчитани вести