Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска направи увид на реконструираниот регионален пат Битола-Ресен-Буково.
Регионалниот пат Битола-Ресен-Буково е во завршна фаза, а асфалтирана е целата делница од 27 километри.
Инвестицијата е вредна 5,9 милиони евра и до пуштање на патот останува само поставувањето на сигнализацијата.
Поставен е целосно нов асфалт, извадена е старата подлога и ставена е нова подлога и асфалт. Има уште некои завршни работи околу поставување на ограда или поставување на сигнализација која во наредните 2-3 недели ќе се заврши, рече Груевски.
Ова ветување, додаде, го дадовме пред граѓаните од овој регион и се исполни за што се инвестирани 6 милиони евра.
– Тоа е доста фреквентен пат меѓу Охрид и Битола, го користат многу возила, а особено товарни. Завршена е добра работа и во иднина граѓаните ќе имаат и покомотно, но и побезбедно патување, истакна Груевски.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.