(ФОТО) Фотографии од Дејан Крајчевски изложени во Германија

Во Универзитетската библиотека во Бохум, Германија, во тек е изложба на триесет и пет фотографии од Дејан Крајчевски, филмски професионалец и член на Друштвото на филмски професионалци на Македонија. Фотографиите сеод повеќе места низ Македонија настанати при бирање на локации за снимање долгометражни и краткометражни филмови.

(20) The Beauty of Macedonia

„Кога сум во потрага по локации за снимање на сцени од некој филм, не можам а да не бидамвосхитен од убавината што ме опкружува, па дури итрогнат од интересните појавиипејзажи на мојата земја. Честососем сам и на ретко посетени места, многу пати сум бил едноставно обземен од она што се простирало пред мене. Преку фотографиите, се обидувам да го фатам она што ми се чини момент на посебност“, вели Крајчевски.

(6) The Beauty of Macedonia

Во најавата за изложбата, на веб страницата на Библиотеката, се вели:

„Со оваа изложба на фотографии сакаме да доближиме дел од природните убавини и културното наследство од Република Македонија, мала континентална земја во јужниот дел на Европа… Македонија е позната по своите прекрасни планински села, природни тектонски и глечерски езера, реки… Исто така, Македонија е вистинско богатство на културно наследство од Палеолитикот па сè до денес. Богата е со археолошки локалитети – храмови, базилики, амфитеатри, бањи, мозаици, антички и ранохристијански скулптури, тврдини, цркви, манастири и отомански џамии, фрески и бесценети икони од средновековниот период, најголемиот дел од нив со големо уметничко значење.“

Дејан Крајчевски веќе петнаесет години е дел од македонската филмска фела, и учествувал во снимањето на повеќе од дваесет долгометражни и краткометражни филмови, телевизиски серии и бројни реклами како организатор, менаџер на локации и продуцент. Во моментов е на студии по продукција на Факултетот за драмски уметности во Скопје.
Изложбата ќе биде отворена до 10 октомври.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.