Спорт

Фудбалскиот Мундијал осиромашен

Фудбалскиот Мундијал осиромашен

Претстојниот фудбалски мундијал во Бразил (12 јуни – 12 јули), требаше да биде еден од најсилните досега, но бројните повреди на фудбалските велемајстори како и непласирањето на одредени национални тимови на завршниот турнир, ја изменија ситуацијата.

Фактот дека на фудбалскиот карневал во земјата на „самбата и кафето“, љубителите на најважната споредна работа во светот, нема да можат да уживаат во мајсториите на големиот Златан Ибрахимовиќ, чија Шведска не успеа да се пласира, како и „молњата“ Герет Бејл, кој исто така со својата репрезентација Велс не обезбеди пласман, јасно укажува дека светот ќе остане пократок за вистински спектакл.

falkao

Уште кога на сето тоа ќе се додадат тешките повреди на немилосрдниот голгетер од Колумбија, Радамел Фалкао, па и неодамнешниот тежок прелом на ногата на Рикардо Монтоливо, кој во дует со Андреа Пирло требаше да биде „мозокот“ на Италија на Мундијалот, а исто и повредата на листот на Рафаел Ван дер Ваарт, целосно е комплетиран впечатокот дека ќе гледаме едно навистина осиромашено светско првенство во Бразил.

volkot

Српскиот весник „Ало“ објавува два тима, еден со повредени фудбалери и еден кој го сочинуваат играчи чии репрезентации не се пласираа на Светското првенство. Едно е сигурно – голем број мајстори на фудбалската ирга со сигурност нема да бидат дел од бразилската бајка.

alo

Играчи чии репрезентации не се пласираа на Светското првенство во Бразил:

Петр Чех (Чешка, Челзи)
Шејмус Колман (С.Ирска, Евертон)
Бранислав Ивановиќ (Србија, Челзи)
Даниел Егер (Данска, Ливерпул)
Александар Коларов (Србија, Манчестер Сити)
Арда Туран (Турција, Атлетико Мадрид)
Марек Хамшик (Словачка, Наполи)
Виктор Вањама (Кенија, Саутемптон)
Герет Бејл (Велс, Реал Мадрид)
Златан Ибрахимовиќ (Шведска, ПСЖ)
Роберт Левандовски (Полска, Борусија Дортмунд)