ФОТО: Функционери на СДСМ и луѓето на СОРОС дел и од денешниот протест

Лицата кои протестираа со земјоделците, тутунарите, средношколците, стечајците и студентите денес повторно излегоа да ги бараат своите права во функција на „хонорарци“, објави Курир.

Лица блиски до опозицијата и на денешниот протест оставија сомнителна дамка која се коси со најавите дека „хонорарците“ денес самоиницијативно излегоа на улица да се побунат против еден предлог-закон.

Залудни беа набилданите бројки на медиумите финансирани од СОРОС кои самите си ги демантираа сопствените текстови менувајќи ги бројот на присутни во своите вести. Евидентното беше присуство на функционери на СДСМ и новинари блиски до нив.

sdsm_2

Лидија Димова имаше шанси да покаже грижа за граѓаните. Особено за оние граѓани кои гласаа за нејзината партија, а кон кои покажа големо непочитување. Димова седи дома, а зема плата од македонското Собрание. Таа одби да работи во корист на граѓаните, а на функцијата пратеник за која е платена нема одработено ниту еден ден. Оваа политичарка на СДСМ, нема никакаква врска со хонорарците, а уште помалку е дел од нив.

sdsm_3

Борјан Јовановски е долгогодишен новинар во опозициски медиуми и човек близок до раководството на СДСМ. Не е јасно зошто тој излезе да протестира денес борејќи се за правата на хонорарците. НОВА ТВ денес не знаеше колку луѓе се излезени на улица, па самите ги менуваа бројките во една иста вест. Дали Борјан Јовановски ги брифирал директно од терен, па бројката од првично 500 лица, чудесно порасна на 3.000 лица по нечија наредба?

sdsm_4

Ниту Јани Макрадули не пропушти да присуствува на протестите. Неколку реда зад него протестираше и Ѓунер Исмаил, член на Советот за култура на СДСМ кој неодамна изјави дека „СДСМ со крв ќе наплаќа кога ќе дојде на власт“. Во силната желба да дојде на власт, Ѓунер Исмаил денес протестираше и со хонорарците, за протестот да добие на масовност.

sdsm_5

На протест излезе и Ацо Кабранов. Уредник на опозициски медиум, силен поддржувач на СДСМ, Бранко Црвенковски, Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Рамо до рамо со Кабранов, протестираше и Ивор Мицковски, колумнист близок до опозицијата.

Актерот Петар Арсовски е дел од Комисиите на СДСМ. Неуспешно беше носител на советничката листа на СДСМ за Скопје.

sdsm_7

Сафет Бишевац. Кој и да организира протест, за било која тема, Бишевац веднаш излегува на улица. Прво беше новинар во А1 телевизија, а потоа стана опозициски пратеник.

sdsm_8

Сашо Ордановски, член на „Транспарентност Македонија“, исто како и погре споменатите може да се забележи на протестите кои критикуваат било што во државава.

sdsm_9

Цветанка Ласкова, која работи како Координатор на форумот на жени на СДСМ исто така беше дел од денешниот протест.

sdsm_10

Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ.