Фото: Гаги Џогани ја промени професијата

Денсерот Гаги Џогани, основачот на групата Фанки Г и поранешен маж на Анабела, ја промени својата професија. Имено, танцувачот на Инстаграм објави фотографија на која седи позади воланот на градски автобус.

Тој сончевото пладне го помина со својата ќерка, која заедно со него ја позирала на фотографијата, а неговиот коментар гласи вака:

„Секој ден е нов почеток, никогаш не е доцна да промените нешто. Поздрав до јавното сообраќајно претпријатие“

Колку за потсетување, танчерот одамна се наоѓа во тешка финансиска ситуација, па дури на Фејсбук страница ги молеше своите пријатели да му уплатат по едно евро за да го сними новиот спот. Гаги ова го прокоментира како одлична идеја до која дошол бидејќи му се ближел роденденот.

Тој веќе подолго време нема снимено нова песна.

gagi-dogani-foto-pt-instagram-1426751876-627041