Детали за бомбашкиот напад во Истанбул (Обновено)

Наjмалку 11 лица загинаа, меѓу кои седумина полицајци, а 36 се повредени во бомбашкиот напад на полициско возило во центарот на Истанбул, соопшти денеска истанбулскиот гувернер Васип Сахин.

Според него во нападот загинале и четворица цивили, а меѓу повредените три лица се во критична здравствена состојба.

Турските медиуми претходно соопштија дека цел на нападот бил автобус кој превезувал полицајци.

Нападот се случи во централниот инстанбулски кварт Везнечилер, во утринските часови за време на најголемиот метеж и тоа во близина на историскиот кварт на градот, информира Си-Ен-Ен Турк.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

bomba-istanbul-2

 

bomba-istanbul-4 bomba-istanbul-5

bomba-istanbul-1

bomba-istanbul-3

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.