ФОТО: Германското градче Халтерн тагува по загинатите ученици

Во малото германско градче Халтерн во покраината Северна Рајна Вестфалија владее траорна атмосфера по веста дека 16 ученици и двајца професори од ова место ги загубија животите во трагедијата на летот на компанијата „Џерман Вингс“, јави дописникот на МИА од Берлин.

Десетици ученици и нивни родители во тивка атмосфера во која се слушаат само птиците од околните дрвја, палат свеќи за своите соученици. Гимназијата „Јозеф-Кениг“ не може да се соземе по загубата на групата што беше замината на ученичка размена кај шпански другарчиња, кои предходно биле гости во малото гратче во Германија.

– Градот се соочува со нешто што не е видено со генерации. Да се загуби и еден млад живот е трагедија, но со 16 загубени млади животи ќе биде претешко да преминеме преку тоа, додава таа – вели Антје Нукер, која дури ни уништувањата од Втората светска војна не може да ги спореди со денешната трагедија.

Дел од собраните ученици се уште се надеваат дека се работи за грешка и дека нивните другари наскоро ќе се вратат дома.

Починатите ученици, кои оделе во десети клас, се враќаа дома по една недела програма за размена на Институтот „Гиола“ во Линарс дел Валес близу Барселона. Тие се враќале по завршување на програмата за учење шпански јазик, што според министерот за образование на Северна Рајна Вестфалија најверојатно било најдоброто искуство во нивните млади животи.

На градот од 37 илјади жители ќе му треба уште долго време да се опорави од големата трагедија што би била сериозен предизвик и за милионски центри. Молкот и драматичната тишина кога што се забележува на секој чекор најдобро покажува како сограѓаните на настраданите ученици се справуваат со трагедијата на летот Барселона – Дизелдорф.

Училиштето ќе започне со работа наредната недела, но часовите уште долго ќе бидат фокусирани на залекување на болката со која што на крајот најинтерзивно ќе мораат да се соочат најблиските на загинатите ученици и наставници. Останатите ќе треба да ја дадат сета потребна морална поддршка.

Тагата е голема и во сите други градови на Германија. Уште посилна е кај семејствата и фановите на двајца познати германски оперски пејачи. Француските власти потврдија дека бас-баритонот на Дојче операта во Рајн и контра-алтот Марија Раднер со својот сопруг и бебето го загубиле животот на трагичниот лет.

Германската канцеларка Меркел побара сите Германци да ја пружат сета морална поддршка за семејствата и блиските на настраданите.

ger

ger4 ger5

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.