ФОТО: Ги загубија животите додека снимаа култни филмови

Една од причините зошто актерите сами не ги снимаат опасните сцени, туку тоа им го препуштаат на искусните каскадери, е за да избегнат повреди. Но, често се случувало животите да ги загубат и професионалците што ги менувале.

  1. The Expendables 2

Кун Лиу беше двојник на Џет Ли во филмот каде се собрани речиси сите акциони филмски ѕвезди. Додека играше во акциона сцена Кун Лиу почина од експлозија на филмска локација во Бугарија. Имаше само 26 години, а неговото семејство поднесе тужба против координаторот на двојниците и продуцентската куќа.

Инаку ова беше трета смрт на сет на филм во кој глумеше Силвестер Сталоне.

  1. The Dark Knight

Конвеј Виклиф целиот свој живот работел како експерт за акциони сцени на филмовите како што се Batman Begins, V for Vendetta, како и во два филмови за Џејмс Бонд. Тој почина на сетот на снимањето на филмот The Dark Knight во 2007 – мата година, за време на сцената што сам ја снимал.

Имено, автомобилот во кој се возел слетал од патеката и удрил во дрви. Иако возачот поминал без гребнатина, Виклиф веднаш им подлегнал на повредите врз главата.

  1. Top Gun

Арт Шол е роден во 1931 година. Целиот живот бил голем обожавател на авиони, а бил и сопственик на училиште за пилоти. Покрај тоа снимал и акциони сцени за потребите на Холивуд. Последната сцена ја снимил за филмот Top Gun. Откако во еден миг на 16-ти септември 1985 година изгубил контрола над авионот, ниту тој ниту авионот никогаш не биле пронајдени.

  1. The Crow

Брендон Ли, синот на Брус Ли го загуби животот на сетот на филмот во кој ја толкуваше главната улога. Имаше само 28 години. Тој се враќал од шопинг кога бил застрелан од актерот Мајкл Масе. Иако првично се сметало дека станува збор за убиство, доказите покажале дека во пиштолот имало погрешна муниција. Инцидентот се случил во 1994-тс година а Масе прв пат за се проговори дури во 2005-тата година.

  1. Twillight Zone

Актерот Вик Мороу и децата актери Мајка Дин ле (7) и Рене Шин Ји Чен (8) починаа откако врз нив паднал хеликоптерот од каде се снимала сцената. Експлозијата ја зафатила опашката на хеликоптерот, по што тој почнал неконтролирано да се врти. Целата посада преживеала.

  1. Враќање на мускетарите

Актерот Рој Кинеар снимал сцена со јавање коњ, кога паднал ја скршил карлицата и искрварел до смрт.

  1. XXX

Двојникот на Ван Дизел, Хари Л. Оконор снимал сцена во која морал по челична жица да се спушти на подморница. Во сплетот на околности, тој со полна брзина се забил во мост и починал на лице место. Сцената на крајот сепак била вметната во филмот (без прикажувањето на смртта, секако) за да му се искаже чест на Оконор.

  1. Троја

Џорџ Камилери бил двојник за Бред Пит на филмскиот сет за Троја. Во една од сцените ја скршил ногата. По ова бил пренесен во болница и неколку дена подоцна преживеал инфаркт поради згрутчување на крвта кое од ногата му отишло во срцето. Лекарите го спасиле и го пуштиле на домашно лекување. Набрзо потоа доживеал нов срцев удар и починал.

  1. Catch 22

Помошник режсерот Џон Џордан одбил да носи сигурносен појас кога снимал една сцена од авионот. Паднал од отворената врата на височина од километар и половина. На снимањето на неговиот претходен филм ја загубил ногата. Очигледно не бил голем љубител на сигурносните мерки.