ФОТО: Гламур на минусни температури

Е ова се вика гламур на минусни температури. Ниската температура и снежната идила на Австрија го скроија изгледот на американската актерка Гвинет Платроу која одлучи на настанот на Ауди да се појави во волнен фустан.

gvinet-1

Иако црвениот килим сам по себе е резервиран за гламурозни фустани, за голотија, скап накит, Гвинет овој пат одлучи да не изненади сите со тоа што можеби е првата дама што се појави во целосно затворен фустан.

gvinet-2

Актерката успеа на црвениот килим да го украде целото внимание без откривање на телото. Таа изгледаше мошне софистицирано и елегантно, во стилот на Грејс Кели и Рита Хејвортс.