ФОТО: Гламур во режија на Кејт Мидлтон

Веќе се навикнавме на совршените комбинации на Кејт Мидлтон, па секојдневно ја следиме оваа дама и пронаоѓаме нови модни инспирации. Овој пат миленичката на Британците заблеска во стил на вистинска принцеза и ни покажа што е вистински гламур на британски начин.

East Anglia's Children's Hospices' gala dinner

Всушност, овој фустан Кејт Мидлтон го носеше во 2011-тата година на АРК гала вечерта, што беше воедно прво официјално појавување во јавноста откако се омажи за принцот Вилијам.

Светло розевиот фустан со светкави Сваровски кристали совршено се стопи со нејзиниот блед тен и одлично ја истакна нејзината витка фигура.