ФОТО: Гламурозна свадба на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата долгогодишна девојка Јелена Ристиќ вчера се венчаа на Кралската плажа, на платото пред вилата Милочер.

Гламурозната венчавка која многу медиуми ја нарекоа „свадба на векот“ се одржа во паркот покрај вилата Милочер, во посебно направена мермерна купола.

Венчавката во црква ќе биде утрево кругот на најблиското семејство на семејството и блиските пријатели.

Венчавката била обезбедувана од голем број припадници на приватно обезбедување, а од морската страна биле чувани од црногорската полиција со глисери.

Британскиот магазин  „Hello”, за 500.000 евра ги доби ексклузивните права да известува од венчавката.

На церемноијата и претходеше голема журка која била одржана завчера и траела се до доцна во ноќта, а гостите ги забавувале Лена Ковачевиќ и Жељко Самарџиќ.

djokovic1 djokovic2 djokovic3 djokovic4 djokovic5  profimedia-0171728051

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.