ФОТО: Гласачко ливче од Референдумот кружи на социјалните мрежи

Набљудувачите во текот на спроведувањето на Референдумот за ГТЦ забележаа низа нерегуларности. Скандалозно, на социјалните мрежи вчера се појави фотографија од заокружено гласачко ливче. Фотографирањето на гласачки ливчиња е кривично дело согласно член 162 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

referendum_livceee

Инаку, ваквата пракса со фотографирање на гласачки ливчиња веќе беше видена за време на парламентарните избори во 2011-тата година, за што тогаш коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ поднесе претставка до ДИК.

Во 2011-тата во Струга на скоро сите избирачки места беше евидентирана масовна појава гласачите со мобилен телефон да ги фотографираат гласачките ливчиња, за потоа истите лица кои фотографираат со фотографиите одат во село Лабуништа каде што му ги покажуваа на кандидатот за пратеник на СДСМ, а за возврат им се исплаќаше надомест во висина од 40 евра.

Според граѓанските асоцијации „МОСТ“ и „Цивил“ во текот на вчерашниот ден најчести проблеми биле погрешно откинување на гласачките ливчиња и граѓани кои не можеле да се пронајдат во избирачкиот список.

Во ОУ „11 Октомври“ избирачко место 2843 и 2843/1 член на избирачкиот одбор по грешка откинал 4 избирачки ливчиња со се делот кој треба да остане на кочанот. По ова, бил направен записник и ливчињата се сметаат за важечки.

На изборно место во ОУ„Коле Неделковски“ член на изборната комисија забележал 5 лица со лични карти и адреса на живеење на ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр.52.

Членот на изборната комисија потврди дека во близина на оваа адреса и дека е сигурен дека се работи за станбен објект во рана фаза на изградба со што се отворило сомнение за можни фалсификувани лични карти.

По упатување на локацијата, набљудувачите потврдија дека објектот е во рана фаза на градба. Членот на изборната комисија посочи дека ќе побара од Претседателот да биде направен записник.