ФОТО: Го обиколува светот и заработува пари, еве како!

Триесет и шестгодишната Криси Вудроу, која работела како финансиски советник, во 2010. година почнала за пишува блог за патувања и сега патува низ светот и заработува голема сума на пари.

Во последните шест години, Криси годишно заработува шестоцифрена плата, а сето тоа од блогот и фотографиите од патувањата кои гиобјавува.

Криси започнала со својот блог по шестнеделното патување во Југоисточна Азија. Вели дека тогаш вакви блогови имале луѓето кои непрестано патувале, а нејзиниот блог бил наменет за оние кои не сакаат да продадат се за да патуваат.

-Не сакаат сите да ја остават својата работа, да продадат се што имаат за да би патувале, вели Криси и додава: „Луѓето кои сакаат семејство, дом, но и по некоја авантура се само „обични“ луѓе и на нив им се обраќам и сакам да ги инспирирам. Токму затоа мојот бло го нареков Обичен патник“.

Оваа блогерка ја напуштила својата работна позиција затоа што не сакала да го работи тоа, иако заработката била добра. По отказот потполно се посветила на пишувањето на блогот.

-Најдобриот дел од мојата работа е што ги посетувам детинациите од соништата. Имав многу незаборавни моменти, вели Криси.

Таа вели дека патувајќи низ светот стекнала голем број пријатели и дека имала можност да доживее различни култури на „потполно нов начин“.

krisi1

-Понекогаш е тешко да одржувате врска со своите пријатели и семејство. Пропуштив голем број родендени, венчавки и важни моменти во животите на моите блиски поради патувањата, вели Криси.

Таа додава дека понекогаш се чувствува осамено.

На сите оние кои сакаат да се посветат на пишување блогови за патувања им порачува дека мораат да бидат трпеливи.

krisi2

-Се случува исплатите на клиентите да доцнат, а часовите да бидат ДОЛГИ. Првите три години работев за 5 долари дневно, вели Криси.

Таа вели дека и понатаму работи напорно иако може да живее убаво со своите приходи.

krisi3

-Не сакам да продавам приказна дека ваквиот живот е совршен. Но, ако сте подготвени да работите, ако сте мотивирани и кога не е лесно, ако сте подготвени да жртвувате време кое би го поминале со вашите најблиски, посветете се на оваа работа, советува Криси.

Уште некои од нејзините совети се прво да ја соберете вашата публика, а не да се фокусирате на парите.

-Секогаш трудете се да учите, бидејќи оваа работа непрестано се развива, советува Криси.

krisi4

За крај Криси советува дека без оглед на тоа дали патувате кога можете или сакате од тоа да направите кариера, патувањето секогаш треба да биде авантура.

-Верува дека патувањата им помагаат на луѓето да сфатат дека всушност сите сме исти. Патувањата не учат да ги сакаме другите култури и ни покажуваат дека светот не е така страшно место како што понекогаш изгледа, вели Криси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.