ФОТО: Гори Охридската касарна, жителите во паника-пожарот се шири кон околните куќи

Во раните попладневни часов во понеделникот голем пожар го зафати поширокиот простор кај некогашната касарна Михајло Апостолски.

Како што пренесува порталот Киурир.мк, во гругот на некогашната охрдска касана гори сува трева и високи стебла.

На терен се екипи на против пожарната единица на град Охрид, на помош се и пожарникарските возила од аеродромот во Охрид како и локалното население. Високите пламени јазици се видливи и од централното градско подрачје.

Пожарот предизвика голема вознемиреност кај локалното население, а има опасност оганот да се префрли и во дворовите на куќите.