ФОТО: Гошев од луксузната хациенда се грижи за стандардот на граѓаните

Поранешниот гувернер Петар Гошев сместен во удобна хациенда во една од подобрите скопски населби во неколку наврати создава слика на душегрижник за стандардот на граѓаните и економската ситуација, глумејќи дека е добро запознаен со состојбата на граѓаните, пишува порталот Денешен.

hacienda-1

Гошев пред неколку дена во едно интервју упати критики за стадионот „Филип II Македонски“ кој според него бил и тежок за одржување. Инаку, Македонија со овој стадион доби репрезентативен спортски терен и комплекс кој според еден од најпрестижните европски спортски магазини „Гуерин спортиво“, го  доби  признанието за најубав стадион на Балканот.

„Денешен“ го поставува прашањето што остави Гошев зад себе како политичар и човек.

„Единствената работа која Гошев во својата 20 и кусур годишна политичка кариера ја направи е неговата луксузна куќа, која веруваме дека лесно ја одржува, имајќи предвид дека имаше куп афери зад себе“, пишува порталот.

hacienda-2

„Денешен“ накратко се осврнува на бројните афери кои досега беа споменувани во контекст на ексгувернерот и министер за финансии. Притоа, нагласува оти Гошев како министер за финансии во Владата на СДСМ ќе остане запаметен како човекот кој го покачи данокот за граѓаните и ги зголеми цените на лековите.

Тој допилнително се обезбеди себеси и со земјиште во Гевгелија со екстремна вредност, купено за багатела. Гошев земјиштето го купил за помалку од едно евро за квадратен метар кога неговата пазарната вредност изнесувала 10 до 15 евра за квадратен метар.

Медиумите во 2007 година пишуваа дека Гошев додека беше гувернер на НБМ купил атрактивно земјиште во Гевгелија, во близина на граничниот премин „Богородица“ од лице на чија фирма претходно „Македонска банка“, по предлог на директорите на банката, порано вработени во НБМ, му отпишала долг за ненаплатен кредит од 250.000 илјади евра.

hacienda-3

-Стануваше збор за фирмата „3М“ од Гевгелија, сопственост на Маринчо Карабаков, која била задолжена во „Македонска банка“ за 350 илјади евра. Долгот се зголемувал поради затезни камати од невраќањето на кредит од 200.000 евра, што во 1996 година „3М“ го добил преку програмата на Европската банка за развој. Целата работа ја завршиле тогашните директори на банката Спасе Лазаревски и Никола Кацарски. Лазаревски и пред ова бил вработен во НБМ, а денес е советник на гувернерот, пишуваше весникот Време во 2007 година.

Двајцата на Управниот одбор на „Македонска банка“ во август 2004 му предложиле долгот од 250.000 евра на „3М‘ да се избрише, а фирмата да врати само 100.000 евра.

Долгот во март 2005 година е отпишан, а во октомври истата година Карабаков на Гошев му продал атрактивно земјиште од 9.111 метри квадратни за цена од само 5.000 евра. Земјиштето се наоѓа покрај автопатот во близина на граничниот премин „Богородица“.

Според документите до кои дошол весникот „Време“, Гошев земјиштето го купил за помалку од едно евро за квадратен метар кога неговата пазарната вредност изнесувала 10 до 15 евра за квадратен метар.

Земјиштето што го купил Гошев од Карабаков е ексклузивно бидејќи се наоѓа близу границата со Грција, а за него веќе биле заинтересирани повеќе бизнисмени за изградба на комплекс казина.

-Во моментов за атрактивната локација биле заинтересирани сопственици на познато гевгелиско казино. Од нив, како што дознаваме, Гошев барал 70 евра за метар квадратен, или 630 илјади евра. Плацот на Гошев е единствен приватен во околината, а сите останати парцели се во државна сопственост, пишуваа медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.