Македонија,Крими хроника

ФОТО: Гостиварец со автомобил влета во „Тифани“

ФОТО: Гостиварец со автомобил влета во „Тифани“

Гостиварец со својот автомобил изутринава околу 5 часот излета на раскрсницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „ВМРО“ и заврши во излог од продавница.

Возилото го управувал М.А. (26) од Гостивар, кој веднаш по несреќата бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата веднаш извршила увид на местото на несреќата, а повеќе детали за состојбата на возачот ќе има во текот на денешниот ден.

1

2

3ФОТО: facebook.com